Кривична за 37-годишен дилер на кокаин од струшко Шум

Триесет и седум годишен жител на струшкото село Шум, доби кривична пријава поради поседување кокаин, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Според информацијата, Одделението за внатрешни работи Струга, поднело кривична пријава против Е.А. (37) од селото Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– При преглед извршен на 5 јануари годинава, во 22 часот и 40 минути на улицата „Партизанска“ во Струга, кај него се понајдени и одзмени се четири опаковки со опојна дрога кокаин. Дополнително, при претрес во неговиот дом, одземени се две опаковки со кокаин и две кеси со марихуана, изјави, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ново на Сител
-

Светски познатиот Хозе Карерас на плоштад Македонија на 1. Септември заедно со македонските ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
