-->
-->
Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-->

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење’’.
Пријавениот ја следел неговата поранешна девојка и на 06.06.2026 пред нејзиниот стан во Тетово ѝ упатувал закани на неа и на нејзиниот вујко, и покрај тоа што претходно за истото дело тој е осуден условно на две години од Основен суд Тетово.
Имено, со пресудата му биле изречени и мерки за забрана да ѝ се заканува, да ја вознемирува, телефонира или на друг начин да комуницира со неа, како и да не ѝ се доближува на растојание од 100 метри од нејзиниот дом и од местото каде работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
