Кривична против скопјанец за измама

СВР Штип, до ОЈО Штип, поднесе кривична пријава против А.Љ.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „измама“ и „оштетување или повластување на доверители“.
Пријавениот, во текот на декември 2019 година ги довел во заблуда одговорните лица на три правни лица од Штип, соопшти денеска МВР.
– Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денари, лажно претставувајќи се како сопственик и управител на позната и голема фирма (која не постои и никогаш не постоела) од Скопје, a која обавува иста или слична дејност со тие фирми. За тој износ ги оштетил фирмите, се појаснува во соопштението.
Во текот на октомври 2019, застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27.01.2017 од управителот, се подвлекува, иако знаел дека правното лице е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврати од друго правно лице од Штип набавил 150 парчиња канти за отпадоци во вредност од 200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно со што го оштетил доверителот за неведениот износ.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
