Кривична против поранешен градоначалник на Лозово и две лица за злоупотреба на службена положба
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с.Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово.
Имено, на 01.11.2018 првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција" во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за управител на градбата. Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата. Првопријавениот А.В. иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе отколку што е реално изработено.
Ново на Сител
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид