Кривична против кумановец кој фалсификувал документи при купување автомобил од Словенија

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.Т.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Во 2016 година, откако пријавениот во Р.Словенија купил моторно возило „хјундаи галопер”, изготвил фалсификуван купопродажен договор за возилото на начин што внел лажен датум на извршена купопродажба и лажни податоци за продавачот, поради тоа што возилото не ги исполнувало условите ЕКО4 стандард и можело да биде регистрирано од лице - државјанин на Република Северна Македонија, кое најмалку една година престојувало надвор од државата.
Купопродажниот договор со невистинити податоци го приложил во неколку наврати пред Царинска управа, Министерство за економија-Биро за метрологија, Центар за хомологација и Отсек за управни работи при МВР.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
