Кривична против двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата
СВР Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, по член 353 ст.1 од КЗ на РСМ, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. поранешни генерални директори на АД Пошти на Северна Македонија во државна сопственост Скопје.
Според сознанијата од превземените опсежни истражни дејствија пријавените во текот на 2023 година пропуштиле должен надзор над работењето на своите подредени раководители на подружници во друштвото, така што дозволиле да биде постапено спротивно на на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, а во врска со член 9, став 1, точка г од овој закон, каде е пропишано дека договорните органи од оваа секторска дејност смеат да извршат набавки без спроведена постапка за јавна набавка која не смее да ја надмине висината од 24.000 евра. На тој начин тие практично овозможиле да бидат извршени набавки без спроведена постапка за јавна набавка во вкупен износ од 56.546 евра, што претставува надминување на предвидениот и дозволениот праг на извршени набавки, без спроведена постапка за јавни набавки, во вкупен износ од 32.546 евра.
Сума за која што пријавените го оштетиле буџетот на АД Пошти на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО