Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка

Кривична пријава е поднесена против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.
- На 30.03.2026 ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против И.Р.(27) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик. На 30.03.2026 околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет и нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото, појаснија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено во Институт за судска медицина Скопје за обдукција.
МИА
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
