Кривична пријава за злоупотреба на дозвола за движење во „полициски час“

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификувањеслужбена исправа“, како и против Х.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Првопријавениот, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, издал „Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна и работа. Второпријавениот, во два наврати бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа“.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
