Кривична пријава за жител на Жупа поради „прикажување порнографски материјал на дете“
Тресет и пет годишен жител на општина Центар Жупа заработи кривична пријава поради „прикажување порнографски материјал на дете“.
-Одделението за внатрешни работи од Дебар,под чија надлежност е и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од селото Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“. Тој, на 9. минатиот месец со упатување закани кон малолетничка, побарал да му испрати слики со непристојна содржина, кои, откако ги добил, ги препратил на друго лице, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Димоски, исто така, информираше дека ОВР Дебар поднел кривична прјава за дебранец под обвинение за кражба.
-Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „кражба“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.К.(33) од Дебар. При контрола извршена на 24 минатиот месец на патот од селото Горно Мелничани кон Дебар, полициските службеници констатирале дека пријавениот во својот автомобил „фолксваген“ превезувал буково дрво без жиг за кое немал соодветна документација, рече Димоски.
Ново на Сител
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното