Кривична пријава за убиецот на стружанецот Асани
Дваесет и три годишниот А.К. од струшкото село Велешта доби кривична пријава за „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“, информира на денешната прес-конференција портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Лицето е осомничено за вчерашното убиство на Аргетим Асани (42) од Струга. Пријавениот на улицата „Маркс и Енгелс“ од пиштол испукал 14 истрели и го убил Асани.
- Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Голф“ сребрена боја излегол осомничениот и од пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А., кој на пат кон Општата болница во Струга подлегнал на повредите, појасни Димоски.
Смртта, додаде тој, е констатирана од лекар во хируршкото оделение при општата болница во Струга.
- По извршениот криминалистичко технички увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и по други преземени мерки, полициските службеници извршија претрес во домот на пријавениот А.К., при што во дворот е забележано патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски таблици. Во багажникот од возилото пронајден е пиштол марка „ХС“ со рамка без муниција, истакна Димоски.
Пронајдените предмети привремено се одземени, а пиштолот е предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Ново на Сител
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата