Кривична пријава за стружанката што испиша графит на родната куќа на Христо Узунов во Охрид

Охридската полиција после спроведени консултации и насоки со Јавниот обвинител, поднесе кривична пријава против стружанката што испиша недоличен графит врз спомен-куќата на револуционерот Христо Узунов во Охрид.
Како што соопшти портпаролот Стефан Димоски, кривичната пријава против Ј.М. (24) од Струга била покрената поради сторено казнено дело „оштетување туѓи предмети“.
Пријавената на 30 април извршила оштетување на спомен-куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов лоцирана на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, инаку објект заштитен со закон како македонско културно наследство и културно-историски споменик. Настанот се случил околу 01 часот, кога пријавената без повод и причина, со спреј испишала недоличен и навредлив графит, по што се обидела да избега од местото. Испишувањето го забележал овластен работник за обезбедување кој ја повикал пријавената во службените простории.
- СВР Охрид, во консултација и насоки од Јавниот обвинител, ги презеде сите мерки за целосно документирање и расветлување на казнено правниот настан. Извршен е разговор со пријавената, а на лице место спроведен е криминалистичко-технички увид, одземање на спрејот со кој е извршено оштетувањето на спомен-куќата, а потоа и вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, појасни портпаролот Димоски.
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Клучни преговори САД–Иран во Исламабад
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
