Кривична пријава за скопјанец, измамил дебранец со над 1.000 долари
Триесет годишен скопјанец заработи кривична пријава поради измама на дебранец кому му земал над 1.000 долари.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, Одделението за внатрешни работи во Дебар, поднесе кривична пријава против М.М.(30) од Скопје. Тој, на 29 јуни годинава, на жител од Дебар му се претставил како странски државјанин и му побарал пари со цел да плати медицинска интервенција за член на семејството на неговиот пријател, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Додава дека скопјанецот ставајќи го во заблуда, оштетениот му дал 1.000 американски долари и 100 евра.
Димоски исто така информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на ОВР Дебар, од страна на полициските службеници издадени се 32 прекршочни платни налози, за неносење заштитнам маска.
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
