Кривична пријава за шест лица од Радовиш осомничени за бесправна сеча на дрва

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Радовиш против шест лица од селата Дукатино и Горни Липовиќ, поради сомнение за бесправна сеча на дрва.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 ноември 2024 година, на локацијата „Сука“ во општина Радовиш, С.С. (43), Г.С. (50), И.С. (45) и Ј.Г. (74) од село Дукатино извршиле бесправна сеча на 113 дабови стебла. Дрвата ги натовариле на трактор со намера да ги продадат, но биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници од Полициската станица Радовиш и Шумската полиција Радовиш. Тракторот, приколката и две моторни пили им биле одземени.
Истиот ден, на локацијата „Ушковица“ во општина Радовиш, С.С. (58) и Т.К. (29) од село Горни Липовиќ извршиле бесправна сеча на 44 стебла. И тие биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници, а тракторот, приколката и моторната пила им биле одземени.
Сите пријавени се товарат за кривично дело „кражба“ според член 235 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Објавена е првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер
-

Мицкоски: Од Савески очекувам да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор
-

Силно заладување на Балканот: Хрватска под црвен метеоаларм, Србија и БиХ со предупредувања за снег и невреме
-

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
-

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп
-

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“
-

Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд
-

Предложен притвор за 21-годишник кој возејќи пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино
