Кривична пријава за правен субјект и четири физички лица за криумчарење на 7000 килограми канабис

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа денеска поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против едно правно лице и четири физички лица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „криумчарење“.
На 11 август во Царинската испостава Гевгелија, при извршена дополнителна контрола при увоз пронајдена е сецкана тревкаста материја, за која по направениот тест е утврдено присуство на психоактивна компонента која влегува во составот на растението канабис.

Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока, како што информираше денеска Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на 7.000 килограми цвет од канабис, којшто на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнал вредност од над 20 милиони евра.
Ново на Сител
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
-

Сенатот постигна договор: Завршува најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД
-

Облачно, со повремени врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
