Кривична пријава за осум лица, по акцијата за сузбивање група која продавала наркотици
Надлежен јавен обвинител доставил предлог за мерка притвор за пет лица и куќен притвор за едно лице мерка куќен притвор по вчерашната акција на МВР за сузбивање криминална група која продавала наркотици, по која беше поднесена кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола и Арачиново, соопшти денеска Јавно обвинителство на Република Македонија.
- Лицата се товарат дека сториле кривично дело - неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од ЈОРМ.
Во него се додава дека двајца од осомничените не се достапни на органите на прогонот.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издал наредби за вештачење траги од наркотична дрога, вешачење ДНК, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции. Вештачењата се во тек.
Министерството за внатрешни работи вчера започна оперативна акција против организирана криминална група, која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава.
Ново на Сител
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија