Македонија
19. December 2018 - 21:32

Кривична пријава за охриѓанец, осомничен за 13 кражби

Против 30-годишниот охриѓанец Б.Т. Секторот за внатрeшни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени 13 кривични дела „тешка кражба“.

Како што информира МВР, пријавениот кој веќе е лишен од слобода, кражбите ги сторил во периодот од јули до ноември годинава во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид, употребувајќи физичка сила и соодветен алат.

„По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369.121  денари”, велат од МВР.