-->
-->
Кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“
-->
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.С.(28) од Скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
На 17.07.2024, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени полуавтоматско оружје – пиштол „Заводи Црвена Застава“ калибар 9 мм, куршуми со калибар 7,65 мм и чаура 7,65 мм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза