Кривична пријава за неовластено издавање потврди за положен стручен испит
Вработена во Дирекцијата за заштита и спасување–Скопје заработи кривична пријава за незаконско издавање на овласување за одржување и сервисирање на противпожарни апарати и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари. Таа меѓу другото издавала и потврди за положен стручен истит на повеќе вработени лица.
Како што соопшти МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против М.Х (47) од Скопје вработена како шеф во кабинетот на Дирекцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената во 2008, 2013, 2014 и 2015 година спротивно на членовите 45, 46 и 47 од Законот за пожарникарство, изготвила и издала „Овластување за одржување, сервисирање и испитување на противпожарни апарати“ и „Овластување за одржување и сервисирање на стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси“ на правни лица од Гевгелија и Валандово. М.Х. издала и Потврди за положен стручен истит на повеќе физички лица вработени во правните лица.
Услов за стекнување на овластувањата и потврдите бил да и биде даден паричен надомест. Дел бил уплатен на нејзина сметка, а дел и бил даден на рака. На тој начин М.Х. се стекнала со материјална корист, а на штета на Дирекцијата за заштита и спасување Скопје.
Ново на Сител
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25
-
Мицкоски и Тошковски присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна
-
Презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на бригадата за ПЗ Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт