-->
-->
Кривична пријава за криумчарење мигранти
-->

Регионалниот центар за гранични работи Југ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од село Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Како што соопшти МВР, вчера околу 08:00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица” Д.П. бил затекнат, на место во близина на граничен камен 61/3, додека во својство на водич, пренесувал илегални мигранти од Кина, од грчка на македонска страна.
Две женски лица од Кина се предадени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва
-

Трамп: Би било одлично Зеленски и Путин да се сретнат
-

Германија и Франција ќе иницираат нов поттик за проширување на ЕУ на самитот во Тиват
-

Трамп: Не ни е потребен договор со Иран за да дојдеме до збогатениот ураниум
-

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват
-

Променливо облачно со локална нестабилност и температури до 32 степени
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
