Кривична пријава за Фатмир Етеми за измама при работење со хартии од вредност

Денеска (10.10.2024) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Ф.Е. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од кривичниот законик, соопштува МВР.
Пријавениот во својство на член на Надзорен одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна информација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година. На тој начин користејќи ja ценовно чувствителната информација истиот се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400,00 денари или вкупно за акциите платил 8.200.000,00 денари.
Кривично пријавениот сензитивните информации ги пренел и на трети лица поточно на членови на негово потесно семејство со што истите ја искористиле информацијата на начин што купиле 701 хартија од вредност (акција) на банката, по цена пониска од цената која што ја достигнала хартијата од вредност (акција). Односно за акциите бил платен вкупен износ од 11.520.967,00 денари, а овозможило да се стекнат со вкупна корист од 639.000,00 по основ на ценовната промена на акцијата како и вкупно 646.100,00 денари по основ на дивиденда. Со ова лицето Ф.Е прибавил противправна имотна корист за себе и за членовите на неговото семејство и на тој начин сторил кривично дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ.
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
