Кривична пријава за две лица за поткуп при избори и гласање
Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик.
– На 16.10.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворно место на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање.По преземени мерки било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш.Ш. требало да организира група жители кои на изборите на 17.10.2021 требало да гласаат за една политичка партија, соопштија денеска од МВР.
Ново на Сител
-
Фирмата која готви за АРМ: Храната и кујната се 100% исправни
-
Велешанец фатен како продава марихуана на малолетник
-
Паднал од мотор во обид да избегне судир со „пежо“
-
Настрада пешак по судар на автомобил и автобус во Скопје
-
До сабота топло, од недела пад на температурата
-
Таравари: „Ситни проблеми“ во коалицијата
-
СДСМ: Нема да се потрошат 100 милиони евра во општините оваа година
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ неосновано поделиле 100 милиони евра