Кривична пријава за двајца скопјани осомничени за тешка кражба и помагање

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.Ж.(30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин и Ј.Б.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело „помагање“ и едно кривично дело „лажно пријавување“ на кривично дело по член 366 в.в кривично дело „разбојништво“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 196.000,00 денари.
Како што денеска соопшти МВР, на 05 септември годинава околу 09,30 часот првопријавениот извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин во спортската обложувалница лоцирана на улица „Маџари“ во Скопје. Кривичното дело го извршил на тој начин што, по претходен договор со второпријавената, со договорена закана со огнено оружје ја присилил да му ги даде парите од сефот од обложувалницата. Истото го извршил со цел да го прикрие долгот на парични средства кои претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број тикети со високи суми, фиктивно без уплата на парични средства кои уплати ги извршила Ј.Б., вработена во обложувалницата.
Второпријавената кривичните дела ги извршила на тој начин што претходно со пријавениот А.Ж. се договорила истиот да дојде во обложувалницата вооружен со огнено оружје и да и ги побара паричните средства од касата, а се со цел истата да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувалницата кое го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број на фиктивни уплати на тикети на првопријавениот без уплата на парични средства.
Двете лица се приведени во Полициска станица.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
