Македонија
26. September 2020 - 19:55

Кривична пријава за дрвокрадците од Прилеп кои ја нападнаа полициската екипа

Непочитувањето на мерките и здравствените протоколи се една од главните причини за зголемениот број на нови позитивни случаи на корона вирус во Струмица. Ова беше констатирано и на серијата состаноци кои надлежните институции ги реализираа минатата недела. Прекршоци прават и граѓаните , но и правните субјекти, пред се угостителите. Во полициската статистика стои дека од почетокот на пандемијата биле направени 31 контрола во угостителски објекти. Кај еден дел  од нив било  констатирано дека не ги почитуваат мерките за заштита од ширењето на Ковид 19 поради што поднесени се 12 кривични пријави против исто толку правни лица, но и 12 кривични пријави против физички лица управители на угостителски објекти во Струмица. Освен угостителите мерките не ги почитувале и граѓани кои требало да бидат во изолација и самоизолација.

„Извршени се вкупно 913 контроли на лица со мерка здравствен надзор и домашна изолација“ и „Писмена наредба за спроведување на задолжителна самоизолација“.

Во врска со непочитувањето на мерките, констатирано е дека 14 лица не ја почитувале мерката  здравствен надзор и домашна изолација“ и 16 лица не ја почитувале мерката „Писмена наредба за спроведување на задолжителна самоизолација“ со што до ОЈО Струмица поднесени се вкупно 21 кривична пријава против вкупно 28 сторители за сторени 24 кривични дела, вели Хризантема Рендевска порпарол на СВР Струмица.

Полицијата секојдневно регистрира и непочитување на обврската за носење заштини маски. Постапувајќи по членот 6 од уредбата за носење лична заштита на лицето во изминатиот период биле констатирани 1745 прекршоци. Полицијата најавува дека во наредниот период освен проактивниот пристап ќе бидат зачестени и акциските контроли.