Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП "Стрежево" Битола, за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и “злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.
Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП "Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист.
Ново на Сител
-

На Скопскиот аеродром приложиле фалсификувани визи, кривична за двајца турски државјани
-

Кривична против Сириец за криумчарење мигранти, меѓу кои и деца
-

Ковачев: Во Македонија над 180.000 граѓани имаат бугарски пасоши, 20.000 се во обработка
-

Приведена 23-годишна кавадарчанка, го нападнала нејзиното шестмесечно бебе
-

Песков: Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари своите цели
-

До крајот на неделата стабилно и суво, со пониски утрински температури
-

Возел со брзина од 192 километри на час на место каде е дозволено 100, приведен 32-годишник
-

Изминатиот викенд 1466 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 14 лица за безобзирно управување на возило
