Кривична пријава за четворица велешани за нападот врз полициските службеници
Кривична пријава е поднесена против четири лица меѓу кои и еден 15-годишен малолетник кои се сомничат дека ги нападнале полициските службеници кај црквата „Св. Спас“ во Велес, а еден од нив и повреди полициски службеник.
Триесет и двегодишниот Џ.К. се сомничи за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „убиство во обид“, додека останатите М.К.(33) и О.К.(29) за кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „помагање во врска со убиство во обид“. Малолетникот е осомничен за кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”.
Тие во неделата пред пред црквата „Св. Спас“ во Велес физички нападнале полициски службеници по што Џ.К. му го одземал службениот пиштол на еден од полицајците и испукал кон него три куршуми, нанесувајќи му прострелни рани.
Ново на Сител
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово