Кривична пријава против жител на Кондово за „затајување" и „фалсификување или уништување деловни книги"
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) од село Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување" по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги" по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.
- Пријавениот, вработен во правно лице, кое имало склучено договор за услуги со други правни лица за обезбедување, транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки, во периодот од 27.07.2022 до 09.09.2022, во точно 15 наврати, од продажните места на клиентите примил 15 пратки со парични средства во вкупна вредност од 2.364.621 денари, кои лажно, со свој потпис и печат на правното лице, ги евидентирал дека ги предал во трезорот на банката, но ги задржал за себе, по што книгата за евиденција на примање и предавање на пратки, со внесените невистинити податоци ја доставил кај својот работодавач како доказ дека примените вредносни пратки наводно ги доставил до соодветната банка, се појаснува во соопштението од МВР.
На тој начин, се додава во соопштението, тој го оштетил правното лице за паричен износ од вкупно 2.364.621 денари, а кои противправно ги присвоил за себе.
Ново на Сител
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061