Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднело кривична пријава против Д.Т.(32), У.К.(24), и В.Т.(50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Како што денеска информираа од МВР, на 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот.
-Третопријавената, мајка на првопријавениот, за време на извршувањето на кривичното дело по телефон им давала информации за движењето на полициските патроли. Од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на првопријавениот и второпријавениот им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и на третопријавената мерка домашен притвор во траење од 30 дена, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила