Кривична пријава против скопјанец за недозволена трговија со оружје
СВР Скопје – Единица за недозволена трговија вчера поднела кривична пријава до надлежното скопско Основно јавно обвинителство против Б.Ј. (44), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти Министертвото за внатрешни работи.
– Имено, на 24.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи во содејство со полициски службеници од Полициската станица Аеродром, врз основа на судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на дом и други простории кај Б.Ј. на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени еден пиштол „Ceska Zbrojovka75“ кал.9mm, две рамки и 12 куршуми, од кои 11 со кал. 9mm и еден куршум со кал.7,62х25мм за кои не поседувал дозвола, посочуваат од МВР.
Пријавениот бил лишен од слобода, а против него е поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
