Македонија
13. November 2023 - 18:37

Кривична пријава против лице кое се заканувало и барало пари од поранешната партнерка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“.

На 04.01.2023, пријавениот се заканувал и барал пари на неговата поранешна 23-годишна партнерка, со која има вонбрачно дете, соопшти МВР.