Кривична пријава против две лица за недозволена трговија со дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (65) од Битола и против едно непознато лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено во Кривичниот Законик на Република Македонија. Од судија на претходна постапка на пријавениот С.Д. му е определена мерка притвор до 30 дена.
Како што соопшти МВР, по претходно добиени сознанија за недозволена трговија со дрога на подрачјето на Охрид на 30-ти овој месец околу 03:50 часот, при преземање на оперативно тактички мерки на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, полициски службеници забележале пловен објект како доаѓа од правец на Република Албанија и се движи кон брегот, каде чекале две непознати машки лица. Кога пристигнал пловниот објект непознатите, лица со гумени чизми влегле во водите и од пловниот објект земале поголем број на платнени торби. После тоа лицето со пловниот објект се вратило назад кон Република Албанија, а двете лица торбите ги ставиле во патничко моторно возило „Шкода Октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од второ пријавеното непознато лице, и се упатиле во правец на Охрид. Полициските службеници го следеле возилото и кога пристигнале во населба Рача дале сигнали за застанување на возилото. Наместо тоа, лицата го оставиле возилото и побегнале. По преземените мерки пријавениот С.Д. е фатен и лишен од слобода, додека другото непознато лице се уште е недостапно.
По извршениот претрес во возилото, како што соопшти МВР, пронајдени се 10 црни платнени торби во кои имало 84 најлонски паковки со непозната зелена растителна материја. Пронајдените торби се запленети, а пријавениот бил лишен од слобода и приведен во СВР Охрид. По извршеното вештачење било потврдено дека станува збор за околу 117 килограми марихуана. Полицијата презема мерки за откривање и идентификување на второ пријавено лице.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
