Кривична пријава против 40-годишен маж осомничен за убиство во Студеничани
СВР - Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО - Скопје против К.А. (40) поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.
Пријавениот кривичното дело го извршил на 18 јуни околу 20:45 часот на улица „2“ во село Студеничани, Скопско. Тој со употреба на огнено оружје пиштол марка ТТ, калибар 7,62, испукал повеќе проектили кон лицето Е.Ш.(28) од село Мралино, Скопско, по што со свое возило го напуштил местото на настанот.
Е.Ш кој поради здобиените повреди веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, наредниот ден, на 19 јуни од задобиените огнострелни рани починал.
Според документираните сознанија од истрагата на кривичното дело му претходеле расправи и физичка пресметка што во претходните неколку дена пред настанот се случиле помеѓу пријавениот К.А. и починатиот Е.Ш.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП