-->
-->
Кривичен суд: Барањата за амнестија испратени на мислење кај надлежното обвинителство
-->
Основниот суд Скопје 1 соопшти дека барањата доставени до судот за амнестија на обвинетите за насилствата во македонското Собрание од 27 април лани, се испратени на мислење кај надлежното обвинителство.– По добиеното мислење судот во законски утврдениот рок ќе донесе одлуки кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено информирана, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
До крајниот рок беа доставени 64 барања за амнестија. Во настаните од 27 април се инволвирани околу 70 лица, а вкупно 33 се обвинети во судскиот процес од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Законот за амнестија беше изгласан на 18 овој месец во македонското Собрание со 95 гласа „за“. Согласно законот, амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно член 324 од Кривичниот законик. б
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
