Кривичен совет: Прислушуваните разговори нема да се користат како докази
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги одби жалбите на обвинителите и ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка со којашто прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.
„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на денешната седница донесе решение со кое жалбите на ОЈО – Скопје против решенијата на судија на претходна постапка за издвојување на доказите од списите на предмети на обвинителството се одбиваат како неосновани и решенијата на судија на претходна постапка со кои се издвојуваат докази – аудио записи од телефонски разговори и транскрипти од истите се потврдуваат“, соопшти Судот.
Одлуката на Кривичниот совет следува откако Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство во Скопје кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата во коишто наводно се вмешани високи владини функционери.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поставување камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло