Крива Паланка под снежна покривка, службите за расчистување работат на терен
Утрово Крива Паланка осамна со снежна покривка, a екипите од Службата од јавното претпријатие Комуналец од градот, од каде годинава се задолжени за зимско одржување на подрачјето на Општина Крива Паланка, веќе се на терен и работат на расчистување на снегот.
-Нашите возила и вработените се на терен уште од синоќа, откако започнаа снежните врнежи. Се работеше и на расчистување на коловозите во градот и на посипување на истите со сол и ризла, со оглед на најавените минусни температури. Од рано утрово вработените работат и на расчистување на снегот од тротоарите, расчистување на пристапите до училиштата, јавните институции на главната улица, предучилишната установа, детска градинка “Детелинка”, како и кај здравствениот дом и останатите итни служби, изјави Миле Марковски, директор на ЈП Комуналец, Крива Паланка.
Посочи дека веќе се работи и на расчистување на патниот правец кон селата Дурачка Река и Станци, ќе се работи и на расчистување на локалниот патен правец кон селата Огут и Нерав, како и кон сите градски и приградски населби.
-Претпријатието располага со три специјализирани возила за зимско одржување,а за потребите за реализација на оваа дејност, набавени се засега доволно количини на сол и абразивен материјал, додаде Марковски.
Висината на снежната покривка на местата со надморска височина од над 1000 метри на територијата на општината изнесува и над 30 сантиметри.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
