Криумчарењето во благ пораст, илегалните мигранти намалени за 50% во однос на лани
37 годишен жител на Богданци e лишен од слобода откако со патничко возило се обидел да прокриумчари 10 мигранти. Мигрантите, сите државјани на Сирија биле откриени на автопатот Пријатлство во близина на Демир Капија.
Сите 10 мигранти се сместени во транзитниот центар во Гевгелија, а против возачот е поднесена кривична пријава. Од страна на судија на претходна постапка и на истиот му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.
Иако статистиката на МВР покажува намалување на обидите за илегален премин на државните граници криумчарењето сепак продолжува. Во првата половина од годината бележи пораст од 7% во однос на истиот период лани.
Кога станува збор за илегалните мигранти нивниот број се намалува. Во половина од оваа година биле откриени 1698 лица или за 50% помалку во однос на истиот период лани кога се регистрирани 3349 случаи. Вообичаено, најголемиот дел од случаите се откриени на Јужната граница, а во однос на земјата на потекло и понатаму доминираат државјаните на Сирија, Пакистан и Авганистан.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар