ОН: Криумчарењето на луѓе во Средоземното Море станува се поопасно
Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека криумчарите на луѓе многу ризикуваат кога ги превезуваат лицата кон Европа, бидејќи крајбрежната стража на Либија пресретнува се повеќе бродови со мигранти, а се зголемува и веројатноста дека луѓето умираат на брод во тек на патување по Медитеранот.
Тоа е објавено во најновиот извештај на УНХЦР „Очајнички патувања“ за обидите на мигрантите да дојдат во Европа, во кој се наведува дека бројот на преминувања и смртни случаи е намален во однос на претходната година.
Како што се наведува, во 2017 година загинале 2.276 мигранти во текот на патувањето по Медитеранот, додека во оваа година се забележани 1.095 смртни случаи.
- Причина што тие патувања се се повеќе смртоносни е тоа што криумчарите повеќе ризикуваат, бидејќи либиската крајбрежна стража повеќе ги надгледува територијалните води, се наведува во извештајот.
Исто така, се повеќе загрижува и порастот на смртни случаи на копно на мигранти, кои се обидуваат да стигнат во Европа, но и во прифатните центри.
-Европа мора да покаже лидерство, да биде пример во одговор на проблемот, но сосема е јасно дека е доцна кога луѓето се во Либија. Мораме да работиме во земјата на првиот азил, во земјата на потеклото, и затоа треба време, изјави специјалниот претставник на УНХЦР Винсент Кошетел.
Ново на Сител
-
Претежно сончево со засилен ветер од северен правец
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност