Критична состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од Ургентниот центар.
- Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот, појаснија од Ургентниот центар.
На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар.
Од Министерството за внатрешни работи вчера за МИА појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар.
Според информацијата на МВР, момчето е на возраст од 17 години, а настанот се случил во 14:55 часот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
