Кристијан Камбон: Македонија има значајна улога на Балканот
Претседателот на Комисијата за надворешна политика, одбрана и воени сили при францускиот Сенат, Кристијан Камбон оценува дека Македонија има значајна улога за ситуацијата на Балканот, затоа Франција со големо внимание ги следи настаните во земјава и регинотот.
-Балканот е еден регион кој имаше малку бурна историја, но мене ме интересира да гледаме кон иднината. И во диспозициите на актуелната Влада на Македонија, гледаме дека има вистинска волја да се интегрира земјата во ЕУ, односно да се прифатат нејзините принципи, методи на работа и да се развијат нејзините вредности, вели францускиот сенатор.
Камбон, притоа како пример наведува дека на патот кон НАТО, тоа е заедничка борба против тероризмот, против сектаризмот, кои треба да бидат земени предвид и поради тоа, вели, Париз е многу внимателен на тоа што се случува во тој регион на светот.
-Вие добро знаете дека со глобализацијата, мирот може да биде загрозен на два – три часа од Париз, и тоа исто така ќе се однесува на нас. Значи ситуацијата на Балканот не интересира многу и затоа ние ќе и помогнеме на Македонија, додава тој.
Разговорот што тој го водеше со заменик претседателската на македонската влада и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзината кратка официјална посета на Париз е потврда на интересот на Франција за Балканот и посебно за Македонија, нагласувајќи дека Париз ќе ја поддржи нашата земја во евроатлантските интеграции.
-Во рамките на Западен Балкан, Македонија има значајна улога и таа направи дополнителен чекор кон подготвувањето на своето членство како во НАТО, така и во Европската Унија. Договорот кој беше постигнат со грчките соседи, евидентно е многу важен, бидејќи тоа беше услов кој ја спречуваше земјата да напредува, оценува Камбон.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика и воени сили при францускиот Сенат ја уверил министерката Шекеринска, дека Франција ќе ја поддржи Македонија во евро-атлантските интеграции и и предложил соработка на ниво на парламентите на двете земји.
Ново на Сител
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-
Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
-
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
-
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава