Криеле 1,5 килограми амфетамин под хауба на „голф“, уапсени две лица од Скопје | ФОТО
СВР Струмица - ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Б.Г.(24) и А.М.(25) од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и против А.А.(27) од Скопје поради постоење на сомнение дека сторила кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ по член 364 од Кривичниот закон.
На 17.03.2025 на наплатна рампа Гевгелија, при преземање мерки, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г., а сопатници биле А.М. и А.А.. Додека, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес над возилото, при што во внатрешноста на предниот дел биле пронајдени три пакувања со амфетамин со вкупна тежина од околу 1,5 килограми. Лицата биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на Б.Г. и А.М. им определил мерка притвор.
Ново на Сител
-
Макрон: Не сакаме да почнеме трета светска војна
-
Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат
-
Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив
-
Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“
-
Зеленски му ја честита победата на Рама: Успех во служба на народот
-
Началникот на ГШ Лафчиски на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-
Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија
-
Сончево и топло до 24 степени