Балкан
11. May 2020 - 11:22

Криејќи се од граничната полиција во БиХ мигранти паднале во јама

Спасена група мигранти кои бегајќи од пограничната полиција паднале во јама на подрачјето на планината Плешевица од страна на припадници на Горската служба за спасување во Бихаќ.

Вчера вечер полицијата примила дојава дека непознат број на мигранти криејќи се од полицијата, паднале во дупка. Станува збор за 11 мигранти, кои биле извлечени со специјална опрема ноќеска од страна на спасувачките екипи. На длабочина од 12 метри биле пронајдени шестмина потешко повредени мигранти, додека претходно шестмина биле извлечени од спасувачите.