Кремљ за изјавата на Трамп дека Путин „полудел“: Сите се емотивно преоптоварени
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.
– Секогаш сум имал многу добри односи со Путин, но нешто му се случи. Тој целосно полуде – напиша Трамп на „Трут Соушл“ доцна синоќа.
Претходно, американскиот претседател изрази длабоко незадоволство од продолжените руски воздушни напади врз Украина.
– Ние сме навистина благодарни на Американците и на претседателот Трамп за нивната помош при организацијата и за почетокот на преговарачкиот процес. Се разбира, во исто време, ова е многу клучен момент, кој е поврзан, природно, со емоционално преоптоварување кај апсолутно секого и со емоционални реакции. Ние внимателно ги следиме сите реакции, истовремено претседателот Путин носи одлуки кои се неопходни за обезбедување на безбедноста на нашата земја – изјави Песков коментирајќи ја објавата на шефот на американската држава.
Тој додаде дека се работи на рускиот предлог за можен мировен договор со Украина, но нацрт-предлог сè уште не е изготвен.
Освен тоа, Песков негираше дека Москва има врска со палежите во имотите на британскиот премиер Кир Стармер. Како по правило, ваквите обвинувања се „невистинити, неосновани и честопати смешни“, рече тој.
Ново на Сител
-
Евростат: 24 проценти од децата во ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост
-
Сончево и топло со температура до 33 степени
-
Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија