Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред руските новински агенции потврди дека се подготвува телефонски разговор меѓу лидерите на Русија и САД, пренесоа светските агенции.
– Разговорот се подготвува, рече Песков, коментирајќи ја објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја соопшти својата намера телефонски да разговара со Владимир Путин на 19 мај.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека ќе разговара со Путин в понеделник. Претседателот на САД информира дека темите на разговорот ќе бидат војната во Украина и трговијата. Трамп додаде дека по разговорот со рускиот лидер ќе разговара и со украинскиот Володимир Зеленски, како и со лидерите на земјите од НАТО.
Претходниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп се одржа на 18 март.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава