Свет
2. March 2018 - 13:04

Кремљ негира дека Русија гo крши меѓународното право во сферата на стратешката стабилност

 Кремљ категорично ги отфрла обвинувањата дека Русија го повредува меѓународното право во сферата на стратешката стабилност.
 
- Категорично ги отфрламе сите обвиненија дека Руската Федерација повредува некои одредби или членови од меѓународното право за контрола на разоружувањето. Русија ги почитувала, ги почитува и ќе ги почитува сите преземени меѓународни ангажмани, изјави портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
 
Тој нагалси дека факт е оти Русија развива нови оружја, но не го нарушува нуклеарниот паритет во светот. - Другата страна исто така има оружја, од кои не може да се заштити Русија и во тоа е паритетот. Точно тоа е гаранција дека оружјата нема да се користат, истакна Песков.
 
- Русија не развива системи за оружје за да ги неутрализира стратешките сили на непријателот, и тоа е многу важно да се сфати, додаде портпаролот на Кремљ.
 
Песков посочи дека видеата кои вчера ги користеше Путин при претставувањето на новото оружје, не се однесуваат на конкретна држава.
 
- Не ја видов таму мапата на Флорида, рече Песков. - Не гледам основа да се зборува дека биле користени американски држави, истакна портпаролот и објасни дека клиповите биле направени со компјутерска графика, без употреба на вистински мапи.