Кремљ: Не успеа американскиот модел на изолација на Русија
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оцени дека САД станаа заложници на сопствениот модел на изолација на Русија.
- Ништо не сакаме од Американците. Во поголема мерка, тие сакаа нешто од нас, судејќи според бројните повици на високо министерско ниво кои сега ги добиваме, изјави таа за денешниот број на весникот „Комсомолскаја правда“, пренесува Танјуг.
„Уште повеќе, американските официјални лица буквално секојдневно не бараат, рече Захаров додавајќи дека САД станаа жртва на моделот што самите го измислија.
-Од една страна, изолацијата на Русија што имаа намера да ја спроведат очигледно не успеа. Од друга страна, тие еднострано ја прекинаа соработката во сите области, оставајќи отворен само еден канал - преку Министерството за надворешни работи, рече таа.
„А сега, постојат толку многу работи коу бараат решение, но не постојат канали за тоа“, додаде Захарова.
-Тие ги затворија со сопствените раце. А сега го повикуваат Министерството за надворешни работи за сите проблеми. Мислам дека тие сфаќаат дека нивната стратегија никаде не ги води. Не е можно да се зборува за изолација на земја која ја признавате за најголем играч кога се во прашање меѓународните прашања, наведе Захарова.
„За жал, некои меѓународни замисли не им дозволуваат трезвено да ја набљудуваат ситуацијата“, истакна таа, а пренесе руската агенција ТАСС.
Ново на Сител
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка