Кремљ и испрати порака на Украина:Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко

Москва, чии сили се обидуваат да ја преземат контролата врз Покровское во источна Украина, ги обвини украинските претставници дека одбиваат да учествуваат во мировните преговори.
Киев вели дека условите на Москва за завршување на војната се неприфатливи и се еднакви на барање Украина да се предаде.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите денеска дека Русија останува отворена за политичко и дипломатско решение и сака мир.
Доколку тоа не е можно, Песков рече дека Русија ќе продолжи да се бори за да ја заштити сопствената безбедност во корист на идните генерации.
Песков рече дека „украинската страна треба да знае дека порано или подоцна ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција“. „Позицијата на режимот во Киев ќе се влошува од ден на ден“, додаде портпаролот на Кремљ.
Руските медиуми во вторникот цитираа функционер на Министерството за надворешни работи дека Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул.
Од средбата во најголемиот град во Турција на 23 јули, немало средба лице в лице меѓу двете земји.
Ново на Сител
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
