Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
Кремљ го прифаќа извинувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ поради грешката при гласањето за „антируската резолуција во Генералното собрание на Обединети нации, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Секако, го слушнавме извинувањето и го прифаќаме. Се случуваат технички грешки и таквата брза реакција на шефот на државата многу не импонира, посочи Песков.
Вучиќ синоќа изјави дека Србија при гласањето за европската резолуција за Украина гласала „за“ усвојување, но оцени дека била направена грешка и оти требало да биде воздржана.
-Мислам дека Србија згреши денеска. За тоа им се извинувам на граѓаните на Србија и ја преземам вината, бидејќи веројатно сум уморен и оптоварен и не можам да стигнам се. Објаснувањето што го добив по гласањето во ОН, каде што, за да биде јасно за што се работи, гласавме за европската резолуција. Што се однесува до американската резолуција, гласавме токму онака како што треба, се воздржавме. Според мене, требаше да се воздржиме и за европската резолуција, изјави Вучиќ синоќа на ТВ Хепи.
Ново на Сител
-
Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ