Свет
27. February 2023 - 13:03

Кремљ ги оцени како апсурдни новите санкции на ЕУ воведени против Москва

Кремљ ги оцени како апсурдни новите санкции на ЕУ, воведени против Москва, пренесоа светските агенции. Десеттиот пакет европски санкции беше одобрен по повод годишнината од руската инвазија на Украина и опфаќаат 121 поединец и компанија.

„Сето ова е апсурдно. Се гледа дека тие (ЕУ) ги подложуваат сите на санкции само за да направат нови списоци“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека овие мерки нема да ги спречат санкционираните лица.

Песков рече и дека планот предложен од Кина за решавање на конфликтот во Украина заслужува внимание, но неопходните услови за мирно решение во моментов не се достапни и руската специјална воена операција во Украина продолжува.

Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко се во постојан контакт.