Кредитна линија од 50 милиони евра за македонските компании
Над 50 милиони евра имаат на располагање домашните компании преку поволните кредити од Европската Инвестициска банка . Поддршката за бизнис секторот продолжува оваа и наредната година. Парите се пласираат преку Македонската банка за поддршка и развој, со поволна камата која изнесува 5,5%.
Евтините кредити им беа достапни на македонските компании кога настана должничката криза. Од тогаш се инјектираа 350 милиони евра, пари со кои се поддржаа над 1,700 проекти и со кои се отворија речиси 7,000 работни места.
Кредити со пониска камата за фирмите најавија и банкарите. Намалувањето на рефернетната камата од страна на Народната банка, прво ќе ги поевтини овие кредити
Вчера Народната банка ја одлучи по трет пат да ја намали референтната камата за 0,25% и сега изнесува 3,25%, односно е на исто ниво колку што беше пред кризата, до јули минатата година. Дали ќе има намалување и на другите кредити, од банките велат, наредниот период ќе прават пресметки
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар