Бизнис
25. April 2018 - 15:09

Кредити за стопанството со камата до 2,9 отсто

Владата е посветена на создавање подобра бизнис клима и да ја приближи земјата кон ЕУ и НАТО интеграциите, порача премиерот Зоран Заев на форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во организација на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива во соработка со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК).

- Нашата цел е обезбедување финасиски инвестиции за долгорочен развој на Република Македонија  и поквалитетен живот на граѓаните. ЕУ и НАТО за Македонија се демократија, владеење на правото и човекови права и слободи, но пред се економија и подобар живот за сите. За инвеститорите се добар показател дека земјата е стабилна и се движи во добра насока, рече Заев на отворањето на форумот.

Тој нагласи дека по откочувањето на евроатланските перспективи се склучиле 10 договори со нови инвеститори, а во процес на преговори се со уште 200 кои планираат тоа да го направат.

- Повеќе нема притосоци и закани кон фирмите и сега можат слободно да ги развиваат своите инвестици и тоа ќе остане имепратив и во иднина. Ги отстранивме практиките од минатото за менување на законите без консултација со на бизнис заедницата и воведовме демократски промени во постапката на наосење на законите. Со тоа се предвидливи за инвеститорите со кои градиме партнерски однос, потенцира Заев.

Показатели за добрата бизнис клима што се гради, додаде, се и намалувањето на кматната стапка на диржавните хартии од вреднос и на референтната каматна стапка. Вети дека преку Македонската банка за поддршка на развојот ќе се пласира кредитна линија од ЕБОР во вредност од 100 милиони евра и додаде дека кредитите за стопанството нема да имаат повисока камата од 2,9 отсто.

Претседателката на ССК Данела Арсовска посочи дека Владата направи голем број на чекори во насока на подобрување на бизнис климата, но додаде дека треба да продолжи во делот на реформи на судството и владеењето на правото и неговата примена да бидат подеднакви за сите.

Дејвид Атебери од Канцеларијата на УСАИД во Македонија посочи дека сакаат да им помогнат на Владата, институциите и граѓаните на Македонија да планираат, финасираат и имплементираат решенија за предизвиците со кои се соочуваат.

Тој прецизира дека уште од пред 25 години УСАИД е фокусиран на поттикнување на бизнис средината за да се развива приватниот сектор со цел да може земјава да се потпре на себе. - За да се развие приватниот секотр Македонија има потреба од поедноставена и слободна регулаторна средина, добро владеење направото и инвестиции во инфраструктурата, како дополнување на поддршката од Владата, рече Атебери.

Директорот на проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски истакна дека преку проектот активно работи на подобрување на правната усогласеност на компаниите и подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјава.

- Досега  се идентификуваа околу 150 проблеми поврзани  со правната регулатива од различни области со кои се соочува бизнис заедницата во тековното работење. Доставивме 29 усогласени  и елеаборирани предлози кои нудат решенија занадминување напроблемите, рече Димовски и доаде дека со новиот закон за јавни набавки ќе се надминат дел од проблемите.

Од јуни, како што кажа, ќе биде отворен агрегатниот портал bizinisregulativa.mk преку кој компаниите ќе можат да се информираат, прашаат, самооценуваат  и едуцираат. На порталот ќе има листи за проверка со кои со неколку чекори компаниите ќе имаат можност да извршат самооценување на нивната правна усогласеност во областите во кои работат.