Македонија
2. July 2017 - 13:22

Кражба во скопска обложувалница

На 01.07.2017 година околу 22,00 часот во Скопје, на ул.„Тале Христов“, поточно во спортската кладилница „Спорт Лајф“ две непознати маскирани и вооружени лица извршиле разбојништво над вработената одземајќи околу 10.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Полицијата ги презема потребните мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на кривичното дело.